Андоновски ветува добар натпревар против Вардар

Утре со почеток во 18 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ љубителите на ракометот ќе имаат можност да видат еден од најголемите ракометни гиганти во Европа и во светот и да уживаат во мајсториите на ракометарите на Охрид и на Вардар.

 |  Николоска Биљана  | 

Во очи на најатрактивните натпревари оваа сезона утре со почеток во 18 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ дуел на РК Охрид со РК Вардар. Освојувачот на трофејот во СЕХА лигата македонскиот првак и учесник во четврт финалето во Лигата на шампиони, екипата на Вардар гостува во Охрид во рамките на 4 тата рунда од плејофот во Супер лигата. Капитенот на „гладијаторите“, Крсте Андоновски рече дека чест е да се игра со еден гигант како што е екипата на Вардар.

„На утрешниот натпревар е апсолутен фаворит но тоа не значи дека ние ќе се откажиме и дека ќе излеземе со бело знаме, туку напротив мотивацијата на играчите е на високо ниво поради атрактивноста на противникот и единствено што можам да ви ветам е добар натпревар и ги повикувам љубителите на ракометот да дојдат во што поголем број“

Околу организацискиот дел на дуелот Охрид – Вардар, спортскиот директор Ѓоко Апостолов рече дека очекуваат преполна сала.

„ Натпреварот како и сите други претставува еден голем предизвик за нас како натпреварувачки така и од организациски дел, се надеваме дека охриѓани ќе ја искористат приликата да видат еден од најголемите ракометни гиганти во Европа и во светот и да уживаат во мајсториите на ракометарите како на Охрид така и на Вардар

За спортскиот дел, свој коментар даде тренерот на РК Вардар Горан Андоновски. Тој рече дека неговиот тим ќе го даде својот максимум а секако очекувањата се, подобриот да победи. Андоновски истакна дека охридскиот ракометен тим докажал дека може да се носи со големи европски екипи, а Вардар е една од нив.

„Вардар во фудбалски Европски рамки, во ракомет е некаде на скалило со еден Баерн Минхен, Реал, Барцелона, Јувентус, така да во Охрид успеавме втора година по ред да го донесиме Вардар“

Здравствениот билтен во охридскиот тим е добар, нема повредени играчи, а утрешниот ден Андоновски вели дека ќе биде празник за ракометот. Инаку Ракометниот клуб Охрид, денес беше противник на ракометарите, ученици во ОУ „Григор Прличев“ кои имаа можност да си ги одмерат силите во спортската сала на училиштето, но исто така и да се дружат и да направат по некоја фотографија со своите идоли. Целта на клубот беше преку дружење со децата да се промовира ракометот и спортскиот дух а со тоа и здравите навики и начин на живот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top