Американска компанија ќе инвестира во Охрид

Американска компанија ќе отвара нов погон за производство на сигурносни појаси и воздушни переничиња во Охрид.  Владата најавува над 1500 нови вработувања.

 |  Лионела Јаковлева  | 
охридска чаршија
охридска чаршија

Американска компанија од областа на автомобилизмот ќе отвори погон во Охрид. Станува збор за компанија која се занимава со производство на авто делови и која има повеќе фабрики во Европа. Ова денес го најави вицепремиерот Зоран Ставрески при неговата работна посета на Охрид. Тој додаде дека на крајот на наредната недела Владата ќе усвои одлука за потпишување меморандум за соработка со американска компанија.
Во првата фаза планирано е да се вработат 600 лица, а во втората фаза бројот на вработени ќе се зголеми за 1200. „Ова е значајна инвестиција за Охрид и  за Македонија, рече Ставрески бидејќи на ваков начин ќе се  намали бројот на невработени во државава“.

Зоран СтаврескиИнаку американската компанија во Охрид планира да произведува воздушни перничиња и сигурносни појаси за извоз во вредност од 100-200 милиони евра годишно.
Вицепремиерот Ставрески денес се сретна и со раководството на ЕМО каде се разговараше за изнаоѓање стратешки партнер за компанијата. Вицепремиерот ги  посети и „Охридска банка“ и фирмата Словин ТЕМ – ХЕМ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top