Додека некои воопшто не забележуваат, на многу луѓе амброзијата им го загорчува животот. Овој опасен алерген со децении непречено се шири и многу често може да се најде и кај нас.
Секое лето и на почеток на есента, амброзијата создава проблеми кај лица кои се алергични на неа, а таа секоја година ја има се повеќе. Амброзијата цвета од јули до октомври, а концентрацијата на нејзиниот полен е најголема во август и септември. Само едно стебло од амброзија, произведува од 1-8 милјарди спори, кои може да патуваат и до 40 км, а за силна алергиска реакција се доволни од 8-20 спори на кубен метар воздух. Примариус Д-р Елпиника Марин од Медицинскиот центар од Охрид, која се бави со алергиски испутвања објаснува дека амброзијата е широко распространета во многу балкански држави од нашето опкружување, каде се донесени закони и правила за заштита од неа, воведени се големи казни, но и награди за оние кои ја уништуваат. Но кај нас сликата е малку поинаква.
Амброзијата веќе со децении непречено се шири и се почесто може да се најде и кај нас. Таа кај чуствителните лица предизвикува многу непријатни алергиски реакции. Во Македонија постои сериозен проблем во недостигот на стратегија и менаџмент со високите инвазивни билки и растенија во кои спаѓа амброзијата, а не постои и стратегија за вклучување на различни партнери во примената на практики на превенција, но и на примената на контролните методи за нивно искористување.
Само за инфорамција, пред две години градот Нови Сад од соседна Србија од ИПА фондовите добил повеќе од 300 000 евра средствав за уништување на овој плевел и опасен алерген. Доктор Марин која направила испитувања во врска инхалативните алергени, вели дека од година во година се гледа значително зголемување на степенот на осетливост кај луѓето, посебно на инхалатвини алергени. Но кај нас сеуште не е направено кој од алергените е најголем предизвикувач на зголемување на степенот на осетливост и дали тоа е амброзијата. Доктор Марин објаснува дека спорите на поленот на амброзијата имаат многу интересна градба и дека токму тие се причинители на бројните алергиски реакции.
„Тие спори имаат многу интересна градба. Тие се топчести и со боцки. И во дишните патишта, бидејќи кај човекот влегубваат преку инхалативен пат, на дишните патишта се закачуваат на самата слузница и предизвикуваат иритација и нормално организмот кај многу луѓе ги препознава како непријатели, како алергени и реагира на тоа со оточеност на очите, со кивање, посебно со кивање во серија, по 10-20 пати, течење на носот а кај некои се создава и подлабока сензибилизација и да дојде до појава на асма“ вели Др.Марин.
Најефикасен начин за уништување на овој плевел и опасен алерген е корнењето од корен но и негувањето ниски растенија кое влијае на запирањето на нејзиното распространување. Во случај на поголеми површини под амброзија, се применува и редовно косење до 5 cm над земјата, а само понекогаш и третман со тотални хербициди.Ако не се коси ниско, израснува повторно во рок од 20 дена. Во природата не ја јаде ниту еден животински вид поради горчливиот вкус.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град