Амбициозен старт на ТАВ во Македонија

ТВМ во посета на аеродромот Св. Апостол Павле. Моментално работиме на чартер летови, вели менаџерот на аеродромот, Нежат Курт. Тој додава дека се прават напори Охридскиот аеродром да стане што е можно поатрактивен за било кој авио-превозник од регионов.

 |  Татјана Маленкова  | 
tav aerodromi
ТАВ лого

aerodrom Sv Apostol PavleНовиот менаџерскиот тим на аеродромот Св  „Апостол Павле“, од турската компанија ТАВ, за прв пат во медиумите, открива дел од своите планови. Менаџерот Неџат Курт за ТВ М вели дека моментално се работи на воспоставување на чартер летови. Тој вели дека во моментов  има договор за летови од сезонски карактер, како што се летовите од Љубљана Загреб, Холандија и Израел. Курт открива дека компанијата ТАВ е подготвена и отворена за соработка со  хотелиерите, со цел да придонесат за поуспешна продажба на туристичката понуда од регионов. Тој проговори и за  политиката на креирање на цените што ја води оваа компанија.

„ Моментално нашиот оддел за маркетинг, целосно е фокусиран на оваа проблематика, со цел да го направи аеродромот што е можно поатрактивен за било кој авио-превозник од регионов. Бидејќи претпоставувам дека претходно не било толку лесно, но сега кога ние управуваме со аеродромот, работиме на оваа проблематика, посебно од нашиот оддел за маркетинг од Скопје и заедно со нашиот холдинг од Истанбул заедно се работи на една стимулативна шема, со што аеродромите во Македонија ќе станат попривлечни за сите авио-превозници и практично им  даваме можност, кога ќе сакаат да летаат на оваа релација да дојдат, а ние ќе направиме се што е од наша страна да станеме поприфатливи за нив, вели Нежат Курт – менаџер на аеродром „Св Апостол Павле“ Охрид.

avion

Новиот менаџер на  аеродромот потенцира дека компанијата ТАВ се бори да има што повеќе летови.    „ Поради тоа практично сме фокусирани на квантитетот од летовите, затоа цените мора да бидат на едно прифативо ниво. Ние сме тука да им помогнеме на сите авио компании да летаат до Охрид“ вели Курт и додава дека се работи и за рекламирање на Охрид, како многу важен фактор за успешност.

„ Способни сме и имаме капацитет да ги опслужиме сите авио компании кои ќе пројават интерес за период од 12 месеци. Секако дека ќе треба да има измени во распоредот. Аеродромот не е толку голем, но имаме логистика и можности да ги распоредиме во соодветен период и на соодветен начин, вели Курт.

Курт вели дека наскоро ќе ги повикаат хотелиерите и туристичките агенции на заедничка средба со цел да се разговара за заедничките можности.
Ние ќе бидеме тие кои ќе ги поканат, зошто некој мора да започне и мислам дека ова е многу добра идеја. само за споредба,некои од хотелите во Турција се со идентични цени како овде. Заедно се спакувани во еден пакет и летот и хотелското сместување, се е во едно. Нешто слично така треба да се направи и тука. Ние сме нови на овие простори и имаме идеи кои ќе ги поделиме со сите.
Курт призна дека во план на компанијата ТАВ е и реконструкција на Охридскиот аеродром, но не  не беше во можност да открие детали за истата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top