Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески.
Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески.
Во разговорот беа разгледани повеќе прашања, кои се од интерес за Охрид и Обединетото Кралство. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за која соговорниците се согласија дека треба да се вложат максимални напори и добра волја на сите политички актери, за надминување на постоечката состојба.
Градоначалникот Бакрачески го запозна британскиот амбасадор, со плановите за развојот на Охрид и перспективите кои ги нуди нашитот град. Двајцата соговорници се согласија дека отворената авиолинија Охрид – Лутон е добра подлога за идните релации меѓу Охрид и Лондон и можните бизнис релации кои би се воспоставиле со британските инвеститори.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град