Амбасадорот Дејвид Гир се запозна со работата на Планинската Спасителна Служба

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, со големо задоволство ja проследи демонстрацијата и практичната употреба на опремата за спасување наменетa за потребите на Планинската Спасителна Служба при Црвениот крст од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, со големо задоволство ja проследи демонстрацијата и практичната употреба на опремата за спасување наменетa за потребите на Планинската Спасителна Служба при Црвениот крст од Охрид.Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид постои 19 години, но значителен развој остварува преку реализација на проектите финансирани од Европската Унија.Возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Северна Македонија и Р. Албанија и Министерството за Локална Самоуправа, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца (Р. Северна Македонија) и Грамш (Р. Албанија), и Алпинистичкиот Клуб ПАТАГОНИЈА-Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top