„Алтанин мост“ ќе добие ново лице

Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните  врнежи од дожд и снег и надојдените води на  реките  низ територијата на општина Охрид, има оштетувања.

 |  Голабовски Крсте  | 
altanin most
алтанин мост

Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните  врнежи од дожд и снег и надојдените води на  реките  низ територијата на општина Охрид, има оштетувања.

altanin mostГрадоначалникот Никола  Бакрачески  по извршените консултации со стручните служби од општината ,  издаде наредба за санација на мостот веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови.

Причината за позначителните оштетувања на Алтанин мост,стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на река Сатеска и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот.

Надлежните лица од Секторот за комунални дејности при општина Охрид и Кризниот штаб за справување со поплавите будно ја следат секоја ново настаната ситуација  и преземаат соодветни мерки за полесно справување со последиците.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top