Алпинисти и планински водичи

Македонските алпинисти имаат потенцијал да бидат рамноправни со сите планински водичи во светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
alpinisti
алпинисти

Можност македонските алпинисти да станат светски признаени планински водичи. Под менторство на Словенечкото здружение на водичи на високи планини, македонските алпинисти ќе се запознаат со што се е потребно да станат планински водичи по ИФМГА стандардите. Во моментов Македонската организација на водачи во планина е со статус на Член аспирант. Стекнувањето на овој статус е најделикатниот и најтешкиот дел од процесот на зачленување во организацијата, станува збор за долг процес, но ние сме свесни дека треба да почне некогаш, вели алпинистот Антонио Додески.

alpinistiДодески додава дека Македонската алпинистичка организација веќе две години сериозно контактира со Меѓународната асоцијација и сега со Словенечкото здружение, се прават напори да се започне со дефинирањето на правилата за овој високопланински туризам. Претседателот на Словенечкото здружение на водичи на високи планини, Клемент Гричар ги презентира методите за обука на планински водичи по ИФМГА стандардите и додаде дека иако не е запознаен со македонските планини, сепак не би му претставувало проблем да се снајде на било која локација, благодарение на лиценцата која ја поседува.

Гричар истакна дека со добивање на лиценца по ИФМГА стадардите, македонските водичи ќе санат рамноправни со сите водичи во светот. Тој потенцира дека со полагањето на испитот и добивањето на ваквата лиценца, алпинистот добива занает. НА пример во Словенија се регистрирани како трговци поединци и можностите кои ги имаат за сорабтока со туристичките агенции се практично неограничени. Сепак, додава дека што се однесува до психофизичката проценка на клиентите и изборот кој ќе се качува,а кој не, тиепланинските водичи се оние кои го имаат последниот збор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top