• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Алијанса за позитивна Македонија: „Развојот на туризмот во Охрид да биде државен приоритет“

Алијанса за позитивна Македонија: „Развојот на туризмот во Охрид да биде државен приоритет“

На средбата која ја имаа со охриѓани, тие го формираа иницијативниот одбор, а во наредните денови ќе биде формиран и охридскиот огранок на оваа партија.

 |  Мишел Наумоски  | 
alijansa
алијанса

Туризам во текот на целата година, осовременување на хотелите, инвестиции во туризмот, развој на конгресен, саемски туризам. Ова се само дел од плановите за економски развој на Охрид од програмата на новата политичка опција „Алијанса за позитивна Македонија“. Претседателот на оваа партија, Љупчо Зиков, сопственикот на економскиот магазин, „Капитал“ смета дека во Охрид, во изминатите 60 години се води погрешна туристичка политика. Според него, Охрид треба да биде врвен приоритет за државата.

pozitivna Makedonija„Државата треба да го прогласи овој проект за државен проект. Секоја влада во иднина треба на Охрид да гледа како на државен проект за развој на туризмот на овој регион. Кога велам на овој регион, секако овде спаѓа и Струга и целото крајбрежје на охридската ривиера. Алијансата за позитивна Македонија има разработен концепт за ова и ние во периодот после Нова Година најверојатно ќе ја презентираме нашата програма многу подетално ќе се задржиме на ова.“-вели Љупчо Зиков-Претседател на Алијанса за позитивна Македонија.

Владо Бучковски, еден од основачите на оваа партија, која во почетокот функционираше само како движење, смета дека Охрид ќе биде еден од бастионите на Алијансата за позитивна Македонија.

inicijativen odbor APM„Охрид е град кој е по дефиниција граѓански, либерален, кој ги препознава опциите кои се блиски до обичниот граѓанин. Ние ќе понудиме таква опција и очекуваме дека и на изборите кои претстојат дека охриѓани ќе покажат дека во Македонија може да биде подобро. Ние сме позитивни, а во охриѓани препознаваме многу сродни души како што реков и позитивна Македонија во Охрид ќе наиде на сериозна поддршка.“-рече еден од основачите на Алијансата за позитивна Македонија, Владо Бучковски.

Според претседателот на партијата, Зиков, Алијансата за позитивна Македонија во пресрет на претседателските и потенцијалните предвремени парламентарни избори во најголемиот дел ќе се обраќаат до неопределените гласачи во земјава.

Инаку на вчерашната средба која тие ја имаа со охриѓани го формираа иницијативниот одбор како претходница на формирањето на охридскиот огранок на партијата кое треба да се случи во наредните денови.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top