Алијансата за позитивна Македонија отвора канцеларии во Охрид и Струга

Претседателот на партијата, Љупчо Зиков вели дека преку средбите со граѓаните го пренесуваат својот концепт кој според нив почнува да фаќа корен.

 |  Мишел Наумоски  | 
alijansa
алијанса

Официјална промоција на подрачните канцеларии на Алијансата за позитивна Македонија во Охрид и Струга. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ѓорѓи Стрезоски вели дека сите граѓани се добредојдени да ги посетат нивните простории, да ја слушнат и прочитаат програмата, но и да предложат свои идеи. Стрезоски додава дека Охрид, како град зазема посебно место во целокупната програма на партијата.

kancelarii Alijansa za pozitivna Makedonija„И во самата агенда и во самата програма на Алијансата за позитивна Македонија е прво на луѓето да им се понудат нови работни места, тоа е најглавната цел, со помош на сите овие приватни бизнисмени кои се вклучено што можат да инвестираат во Охрид и пошироко, да отворат нови работни места, да се помогне околу инфраструктурата во Охрид.“-вели претседателот на Алијансата за позитивна Македонија од Охрид, Ѓорѓи Стрезоски.

Претседателот на партијата пак, Љупчо Зиков, вели дека од досегашните средби со граѓаните во местата кои ги посетувале добиваат позитивни реакции и сметаат дека идеите и концептот на Алијансата за позитивна Македонија фаќа корени кај граѓаните.

Alijansa za pozitivna Makedonija„Дефинитивно ние имаме добра програма, како тоа не се само голи зборови, што јас сега го кажувам. Добро проаѓаме, Алијансата во почетокот на овие парламентарни избори ќе биде вистинско изненадување на политичката сцена со оглед на тоа дека ќе освоиме пратеничка група во парламентот. Тоа се нашите анализи, а на следните парламентарни избори кои ги проценувам на година и пол, две од денеска, Алијансата за позитивна Македонија дефинитивно може да се надева на 10 до 12 пратеници и сериозно учество она што значи управување со државата.“-рече претседателот на партијата, Љупчо Зиков.

Инаку покрај посетата на Охрид и Струга, претставниците на Алијансата за позитивна Македонија го посетија и Кичево, а нивната турнеја низ републиката трае веќе дваесетина дена, а во очи престојните предвремени парламентарни избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top