„Александар“ во предворјето на Св Софија

„Секој си има своја Македонија“ е поентата на Љубиша Георгиевски, авторот на драмата Александар. Македонските драмски уметници утре ќе бидат дел од 49 – тото издание на Охридско лето.

 |  Николовска Биљана  | 
Dejan Lilic
Дејан Лилиќ

„Секој си има своја Македонија“ е поентата на Љубиша Георгиевски, авторот на драмата Александар. Македонските драмски уметници утре ќе бидат дел од 49 – тото издание на Охридско лето.

Direkcija„Александар“ е драма која асоцира на вечноста. Оваа претстава е прва на годинешново Охридско лето во изведба на македонски актери. Директорот на Драмски театар од Скопје, Бранко Ѓорчев рече дека годинава ќе изведат претстава која предизвикува се поголем  интерес кај публиката и јавноста воопшто. Тој очекува драмата „Александар“, да доживее посебна кулминација во Охрид заради амбиентот во кој ќе се игра.
Дејан Илиќ го глуми ликот на Александар. Тој со нескриени страсти ја коментира својата улога. Вели:
„Успеавме да ги анимираме скулптурите на Александар во вистински човечки ликови, кои се вредни за изведба посебно што се работи за човек кој е наш, а сепак светски“.
Годинава на Охридско лето драмскиот селектор Ѓорѓи Јолевски, избрал драмски изведби со силен режисерски печат, како што и самиот тој вели.
Екипата на актери при Драмскиот Театар од Скопје, велат дека посебно го доживуваат Охрид. Кај нив се чувствува големо нетрпение, пред утрешниот настап во предворјето на Св Софија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top