Александар Петрески со уште еден мандат

Врачено решението за 4 годишниот градоначалнички  мандат на Александар  Петрески.

 |  Валентина Нелоска  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Општинската изборна комисија и градоначалникот констатираа дека во Охрид се спроведоа чесни избори. Петрески се обврза за реализиација на ветените проекти.

Врачено решението за обавување на 4 годишниот градоначалнички  мандат на Александар  Петрески. Претседателката на ОИК, Марика Анѓелеска во присуство на останатит ечленови од комисијата , на оваа церемонија искажа задоволство што во општина Охрид,  локалните и претседателските избори се спроведоа на фер и демократски начин.

Александар Петрески се заблагодари на охриѓани што овозможија во општина Охрид да има демократска атмосфера за избор на градоначалник. Напомена,  дека  исто како и денес,така  и пред 4 години, решението за првиот мандат го добил на овој  датум, 13 април.

Aleksandar PetreskiГрадоначалникот Петрески се обврза за реализација на ветените проекти од неговата  изборна кампања. Соработка со централната власт мора да има и јас постојано ќе ги потсетувам на нивните обврски кон Охрид додаде, Петрески.

Александар Петрески истакна дека е задоволен од досегашната работа на општинската администарција и  неговиот тим. Најави и проширување на тимот со оглед на тоа што следува втората  фаза на децентрализацијата  и  новите обврски што се очекува да се следуваат при тоа.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top