И официјално- општинската СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески.
И официјално- општинската СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески.
Ова беше утврдено на вчерашната изборна конференција на партијата. Објавена е и листата на советници.
Општинската организација на СДСМ ја објави листата на на кандидати за членови на совет.
Носител на листата е Бранислав Трпчески, актуелен директор на МЈП ПРоаква, воедно и координатор на советничката група на СДСМ и на 5- та изборна единица.
На вчера одржаната изборна конференција на партијата, листата на советници била усвоена со мнозинство гласови и само 4 воздржани.
Меѓу првите 5 на утврдената листа на кандидати за советници се наоѓаат и имињата на: м- р Томислав Тунтев, вработен на охридскиот аеродром; д- р Виолета Мицкоска- лекар специјалист по општа медицина; Душко Јаковчески- секретар на ОО на СДСМ; Ахмет Пател- сопственик на менувачница и м- р Орхидеја Тасеска- вработена во Хидробиолошки завод.
На конференцијата била потврдена и кандидатурата за градоначалник. И официјално- општинската СДСМ на претстојните локални избори ќе оди со актуелниот градоначалник Александар Петрески.
На утврдената листа на кандидати за советници не се наоѓа името на актуелниот претседател на советот, Владо Чингоски. Сепак, ниту утврдената кандидатура за градоначалник, ниту листата на советници не се конечни. Можни се промени со оглед на тоа што Извршниот одбор на партијата треба да го даде завршниот збор.
Финална листа и кандидатура за градоначалник ќе биде онаа која ќе се достави до Државната изборна комисија најдоцна 25 дена пред датумот на кој се закажани изборите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град