Уште еден фолклорен фестивал. По 6 ти пат од 20 до 24 јули на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот народни песни и игри Александар Македонски.
На овој фестивал ќе учествуваат преку 600 учесници од Русија, Украина, Кипар, Словачка… и за прв пат годинава на дел од него ќе бидат и групи од Израел.
„Оваа година на фестивалот ќе напстапат 37 групи од различни држави , Кипар, Израел, сите балкански земји. Фестивалот на градскит плоштад. отворањето е на 21 јули отворање“, вели директорот на фестивал „Александар Македонски“, Миленко Андрески.
Фестивалот како целина придонесува во збогатубањето на културната програма на Охрид и истиот е директна промоција на нашиов град но и држава. Учесниците на фестивалот се еден вид на туристи, затоа што Покрај настапите тие ќе имаат можност да ги посетат и охридките културно историски споменици.
„ Учесниците ќе направат разглед низ градот на Културно историските споменици меѓу кои Св. Наум и Вевчани. Со тоа ќе имаме добра размена на култури“, вели портпаролот на КУД Охриѓанка, Катерина Павловска.
На прашањето зошто сите фестивали во Охрид се оржуваат во екот на турстичката сезона, организаторот смета дека фестивалот Александар Македоснки видно се разликува од останатите фолклорни фестивали кои се одржуваат во Охрид.
„ Кога сме за интересот во прво сте дека во многу кратно време има многу фестивали. Но овој фестивал е признаен како на балканот така и пошироко. Имаме новинарски групи од Русија и Црна Гора“, вели координатор на КУД Охриѓанка, Олга Левеска.
Фестивалот ќе се одржи од 20 до 24 јули на градскиот плоштад. Настапите ќе започнуваат во 21.00 часот, а дефилеата во 17.00.
До тогаш КУД охридѓанка од 11 јули е во посета на фолклорното друштво од Анталија – Турција, група кој аминатата година учествуваше на фолклорниот фестивал Алксандар Македонски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град