Александар Китески со реакција на прес конференцијата на Наташа Танеска

Посакувам наводите кои ги изнесов во прес конференцијата да бидат невистинити, а Наташа Танеска да е во право. Тоа ќе значеше помалку проблеми за образовната институција која таа ја предводи, а самото тоа води кон поквалитетно образование за нашите најмили, децата. Но за жал, вистината е онаква каква што ние ја презентиравме, се вели во реакцијата на Александар Китески, секретар на општина Охрид.

 |   | 

Посакувам наводите кои ги изнесов во прес конференцијата да бидат невистинити, а Наташа Танеска да е во право. Тоа ќе значеше помалку проблеми за образовната институција која таа ја предводи, а самото тоа води кон поквалитетно образование за нашите најмили, децата. Но за жал, вистината е онаква каква што ние ја презентиравме, се вели во реакцијата на Александар Китески, секретар на општина Охрид.

„Поразителен е фактот дека просветниот инспектор во записникот навел флоскули без докази. Запишал она што му го кажале, а не направил извештај базиран на докази. Ние кажавме и пак ќе повториме: не сакаме партизација на образовните институции – но мора да биде јасно дека нив не може да ги водат компромитирани директори за кои имаме основани сомненија дека постапувале спротивно на Законот. Класичен пример за партизација на државата е кога просветен инспектор под партиски диктат мора да напише извештај без поента и заклучоци за секој да може да го толкува како сака. Но ние тука нема да застанеме, ќе се бориме за правдата и таа колку и да е бавна сепак ќе дојде! Подготвен е приговор на записникот на просветниот инспектор.

Во точка 1 од записникот, просветниот инспектор наведувал постапувања од страна на Директорката но заборавил еден клучен факт: училиштето со правосилна судска пресуда го изгубило овој спор и сега е задолжено да му исплати оштета на предметниот наставник. Согласно законот ова е доволен основ директорот да биде разрешен. Истата документација и наратив билe користени и во судскиот процес, но сепак училиштето судскиот процес го изгубило. За жал, просветниот инспектор ова го нема спомнато во записникот.

Во однос на распоредувањето на наставникот по англиски јазик во библиотека замислете директорката ја барала наставничката на телефон и не ја добила? Ја барала и нејзината мајка да и каже да ја донесе ќерка и на работа и тоа не успеало? Одлучила да ја моли да даде одговори за потребите на дисциплинската постапка? Срамота! Недозволиво е вакво однесување на еден одговорен, особено во образовна институција, каде единствено треба да биде раководен според Закон, а не според волјата на други. Оттука, нејасно е зошто просветниот инспектор напишал вакви флоскули во записникот. Во секоја нормална институција за ваквите постапки следи отказ и ништо друго!

Во однос на превозот на ученици општина Охрид после измените во Законот за основно образование и правилниците за превоз на ученици во 2018 година, нема објавено тендери за превоз на ученици. Согласно законот учениците се превезуваат во рамки на линискиот превоз и обврската за неговата организација е исклучиво кај училиштата. Во овој случај постојат сериозни индиции дека законот е прекршен и тоа ќе го докажеме пред надлежните институции!

По однос на ангажирањето на чуварите просветниот инспектор се обидел се да релативизира, а не да одговори на прашањето кое му е поставено во претставката: Дали за таквиот ангажман има согласност од Градоначалник, дали одговорната ја известила Агенцијата за привремени вработувања дека средствата за оваа намена се искористени и дека нема можност за исплата на плата во месец јули и дали со таквото однесување е нанесена штета на буџетот на училиштето!

Ќе побараме мислење и од втор Државен просветен инспектор, а воедно тој поднесок ќе го надополниме и со следните наводи:

  • Дали спортската сала се издава и на кој начин се уплаќаат средствата за користење на истата со оглед на фактот дека приватни школи одржуваат тренинзи вон школските активности?
  • Дали и како се избирале членовите на Училишните одбори од редот на наставниците и дали постои соодветна документација за истото?

Одговорност мора да има и ќе има! Училишните одбори се одважуваат на нашите апели и почнуваат полека да се ја превземаат својата одговорност! Со сила на функција не се останува! Граѓаните јасно кажаа какви кадри треба да ги водат институциите во Општина Охрид! – се вели во целост во соопштението на Китески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top