Албански граѓанин крадел покуќнина и возила по струшки села

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија.

 |  Николоска Биљана  | 
свр

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд-Република Албанија.

Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани.

svrА.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма  телевизори а со кршење на стакло од излог, од продавница во Радолишта одзел цигари и пари. Тешката кражба во авто сервисот во Велешта ја извршил користејќи талпа при што се искачил до отворениот прозор и одзел авто делови.

Пријавениот, во селото Заграчани извршил тешка кражба на патничко моторно возило. Тој, од двор од куќа го одзел возилото откако забележал дека било оставено незаклучено со клучевите на бравата  по што, во шумскиот појас на македонско-албанската граница ги одзел гумите и бандажите  а возилото го оставил.

А.П и другите патнички возила ги одземал на ист начин по што се превезувал во близина на граничниот премин „Ќафасан“, ги оставал возилата и илегално ја преминувал македонско-албанската граница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top