Повторно реакција од страна на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во врска издавањето под концесија на паркинзите во Охрид. Од таму го повикуваат градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, да престане со неговите бројни манипулации и да ја контролира неговата желба за лично богатење.
Петрески и неговиот тим, произведуват неред во Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Продолжува сторијата на охридските вмровци околу издавањето на паркинзите, цената и законитоста на одлуките кој ги носи првиот човек на градот. Портпаролот на партијата Никола Митровиќ, уште еднаш нагласи дека издавањетона паркинзите на начин на кој тоа го направи градоначалникот Петрески и луѓето околу него, е резултат на нивното незнаењето и енормната желба за лично богатење.
„Деновиве сме сведоци на буквален криминален чин со кој паркинзите во Охрид кои со одлука на Советот се дадени само на користење на ЈП Билјанини Извори , раководителите на истото Јавното Претпријатие со амин на Градоначалникот Петрески и надвор од законските норми, паркинзите кои ги имаат само на користење ги издаваат под концесија на тендер. Со тоа ги прекршиле законите и за тоа треба надлежните да им поведат постапка“.
И не само тоа, Митровиќ посочи и други прекршувања на законските норми во врска паркинзите и покачувањето на цената за паркирање без претходно да се донесе одлука на Совет за тоа, како и непочитувањето на Законот за градба.
„Ова кршење на сите институционални норми ја покажува само алчноста на Петрески за полнење на своите џебови на штета на граѓаните и туристите.Петрески треба да објасни на основа на која Одлука е зголемена цената за паркирање а не да ги навредува граѓаните што оправдано го искажуваат својот револт со протести и мислења и да ги нарекува криминални структури. Следниот момент на кој треба да одговори Петрески е кој му дал право улиците и слободните паркинг простори пред зградите да ги пренамени во паркинг со наплата и да им го скрати правото на станарите до слободен паркинг до своите згради. Тоа посебно треба да го одговори затоа што и при цртањето на згради во Охрид и при издавањето на дозвола за градба, што е негова најголема и најдоходовна дисциплина , не го почитува Законот за градба со кој треба да има обезбеден паркинг простор на станарите во заедничките згради“.
Митровиќ уште еднаш потсети дека Петрески сеуште не ја покажал дозволата за градба на кружен тек , ниту пак објаснил по која одлука и пропис се поставени бетонски топки на плоштад на кои веќе се случуваат несреќни случаи. На сите овие и многу други забелешки Петрески досега нема одговорено пред јавноста, бидејќи нема објаснување, рече Митровиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град