До редакцијата на ТВМ пристигна демант од Серафилоски Илчо за прилогот објавен на 25 март, кој се однесуваше на пристапниот пат за жителите од крак на улицата Ристо Чадо.
Илчо Серафилоски кој живее и работи во Берлин е сопственик на спорната парцела на која незаконски е направен асфалтиран пат. Тој во демантот кој го испрати до ТВМ потенцира дека тврдењата на соседот Стефаноски и преставникот на Локалната самоуправа Зоран Шикалоски се неточни. Тој вели дека и самиот е жесток противник на алчноста, но се чуди како некои луѓе се толку дрски и со лага ја злоупотребуваат службената должност. Серафилоски вели дека си го вратил во владение узурпираното земјиште, но прашува каде се преостанатите 2 метри од патот широк три метри, кој ги украл и каде ги однесол, или пак соседите ги бетонирале своите дворишта, а од општината сега бараат пат. Доста со ефтини трикови, и мафтање со некои документи пред камера, пишува Серафилоски.
Во демантот, се обраќа и до г-динот Шикалоски, објаснувајќи дека Локалната пред неколку години го поставила асфалтот на приватен имот без мерење и катастар и тоа онака како што им одговарало на соседите, без негова согласност.
Серафилоски вели дека пред да се изврши експропријација која им се ветува на соседите од страна на Локалната со цел да им се обезбеди пристапен пат, коректно е да биде и тој консултиран како би го кажал својот став.
„Знам дека со новиот урбанистички план, јужно од мојата парцела, предвиден е пат со ширина од 6 метри, за кој немам ништо против, но доколку се договориме земјиштето да ми го откупат по пазарна цена“’, стои во демантот на Серафилоски.
На соседите им порачува за да не газат кал и прашина, а и за недај боже ако имаат потреба од пожарна или брза помош, да си ги срушат оградите и бетонираните дворишта.
После сево ова останува отворено прашањето кој ќе ја сноси одговорноста за направената штета и расипничкото трошење средства на даночните обврзници. За една иста работа три пати залудно се фрлаат пари од граѓаните на Општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град