Ако ги намалиме цените од Охрид ќе направиме детска градинка

Охридските угостители  оптимистички очекуваат добра туристичка сезона. И покрај сите случувања, има туристи и гости кои го сакаат Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Patcev
Патчев

Ohrid carshijaОхридските угостители оптимистички очекуваат добра туристичка сезона –  ако тоа се гледа по посетеноста на Охрид за Велигденските празници. И покрај сите случувања, има туристи и гости кои го сакаат Охрид, истакнува угостителот Љупчо Патчев.Тој ги демантира тврдењата дека Охрид е скапа туристичка дестинација. Тие  не размислуваат за намалување на цените и велат нема од Охрид да направиме детска градинка.

„Јас мислам дека Охрид не е скап. Aко направиме поевтини цени, тогаш од Охрид ќе направиме детска градинка на Македонија. Ќе го уништиме и оној туризам што го имаме. Родителите ќе патуваат во Италија, Шпанија и Доминиканска република, а децата ќе ни ги остават овде. Нормално дека за нив ќе е скапо, а ние од децата немаме некој туризам “ смета тој.

Патчев како повеќе од неопходна ја истакнува потребата од Национална стратегија за туризам. „Сега угостителите и туристичките работници се препуштени сами на себе, што не е дозволиво. На ниво на Македонија под итно треба да се има Министерство за туризам и ресорен министер, каде што ќе можеме да се обратиме и од каде што ќе бидеме сите организирани“.

Охридскиот угостител очекува и поголема флексибилнот и измени во  Законот за пушење. „Сепак секој сам треба да се грижи за своето здравје. Сега сме доведени во непријатна ситуација, гостинот кој ќе руча во ресторанскиот дел после јадење  да го принудиме цигарата да ја испуши на тераса“ вели Патчев.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top