Од самиот старт на почетокот на летото можеме да очекуваме успешна туристичка сезона доколку се следи максимата „Ако по утрото се познава денот“. Хотелиерите и туристичките работници се задоволни од посетеноста на странските гости и стартот на туристичката сезона, нагласува Зоран Стрезоски директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.
Засега со празни кревети останаа приватните станоиздавачи кои претежно се најмуваат од гости кои се на транзит во Охрид на ден – два. Но, со подобрување на временските услови од викендов се очекува и станоиздавачите да бидат задоволни вели Стрезоски.
Според првиот човек на агенцијата Стрезоски оваа година се очекува да биде пресвртна за регионот. Се зависи од тоа како ќе се покажат локалните власти, туристичките работници и населението во Охрид и Струга, од љубезноста и добрите навики да ги прифатиме и угостиме туристите. Од сето тоа ќе зависи и дали бројот на гостите следната година ќе се дуплира. Но ако кон тоа се додаде дека темна дамка врз почетокот на туристичката сезона фрла започната и недовршена санација на ударните дупки на Туристичка, тоа е недозволиво се согласува Стрезоски.
„ Ние ги следиме работите, реагираме и би требало овие работи да завршуваат во месец мај за да не ни се случуваат повторно вакви пропусти“.
Покрај воведувањето на се повеќе чартер линии за туристите од Холандија, Финска и Полска, за да се зголеми бројот на странските и домашните гости од Агенцијата ги најавуваат и долго очекуваните владини мерки за намалување на ДДВ на 5 проценти. Тоа ќе им овозможи на хотелиерите поголема флексибилност и конкурентност на пазарот и привлекување што поголем број туристи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град