Се чистеа планинските патеки во НП „Галичица“ од Охрид, Велестово па се до планинскиот превој Крстец. Во тоа помогнаа активисти на ЕД Грашница, Go Green, здружението Ајде Македонија и деветоодделенците од ОУ „Христо Узунов“. Целта на акцијата е Охрид зелена и чиста дестинација, пред бројните туристи кои ќе престојуваат од 10 – 12 мај на Балканскиот самит „Adventure next balkans“.
Почна големата акција на рсчистување на НП „Галичица“ во должина од 13 км, пред големиот Балкански самит „Adventure next balkans“. Голем број активисти, вљубеници во природата, како и учениците од ОУ „Христо Узунов“ излегоа да ја поддржат оваа акција бидејќи како што и самите кажаа балканскит бисер во пресрет на летната туристичка сезона треба да биде беспрекорно чист.
„Овде сме за да ја исчистиме „Галичица“, на местата каде што очекуваме туристи, тоа е нашата професионална мотивација, мислиме дека овие дестинации мора да бидат чисти, за да може да ги продаваме. Мојата лична мотивација е што сметам дека галичица и другите Национални паркови во Македонија се наш најголем, адут. Но кога ги продаваме забораваме дека тоа се наши паркови а се полни со ѓубре и ѓубрето е наше. Сите ние имаме одговорност да го исчистиме затоа што ние го правиме не доаѓа некој од надвор и ни го остава. Подготвени сме еве сите деветти одделенија дојдовме да ја поддржиме оваа акција“ – велат младите активисти.
Иницијаторите на оваа акција ЕД „Грашница“, здружението, Go Green и Ајде Македонијо велат дека Охрид пред престојната конференција „Adventure next balkans“ мора да биде зелена и чиста дестинација.
„Ова е всушност почеток на акции за подигнување на јавната свест на локалното население бидејќи со ова денес сакаме да ги поттикнеме локалните жители да бидат посвесниза тоа што значи расфрланиот отпад и сите негативни последици кои што тој ги предизвикува“- нагласи Зороски.
Акцијата продолжува и утре кога ќе се чистат локации на крајбрежјето на Охридскот Езеро, одоносно ќе се чисти поголем дел од местата кои се најпосетувани од туристите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град