Акција за чистење на депониите со кабаст отпад во Охрид

Охрид секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабаст и градежен отпад од страна на несовесни граѓани. И покрај бројните интервенции на јавното комунално претпријатие, некои локации во градот  претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии од страна на локалното население, кои ослободувајќи се од ваков вид отпад од своите домови  ја загадуваат животната околина.

 |   | 

Подигнат е кабастиот отпад (мебел, покуќнина и др.) оставен на самиот пат во населбата Даљан, а истовремено деновиве е расчистена мини-депонијата од расфрлан кабаст отпад и градежен шут во стариот дел од градот.

Од ЈП „Охридски комуналец“ постојано спроведуваат едукативни кампањи и акции со цел да им се укаже на нашите сограѓани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. На локациите кои претставуваат црни точки поставени се и информативни табли и се надеваме дека граѓаните ќе соработуваат со нашите служби и сите неправилности околу депонирањето на отпадот ќе го пријават на дежурниот телефоон.

Според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, во спротивно истото подлежи на соодветно санкционирање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top