Акцијата „Се грижиме за топол дом“ на дело во Охрид

Семеството чија куќа минатата година изгоре, денеска доби комплетна покуќнина.

 |  Маленкова Татјана  | 
socijalna pomos
социјална помош

Покуќнина за семејството Шемо од улица Бистрица, чиј дом изгоре минатата година. Тие се меѓу првите во Охрид, кои добија гарнитура за дневна соба , машина за перење, шпорет, телевизор, поточно  комплетна покуќнина благодарение на акцијата „Се грижиме за топол дом“, од министерството за труд и социјлна политика. Покуќнината на семејството им ја предаде лично министерот за труд и социјална политика, Симе Спасов кој попладнево ги посети придружуван од секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, претседателката на совет Гордана Коњаноска  и советници.  
Министерот Диме Спасов  вели дека иако акцијата е на почеток, сепак тие се задоволни од одзивот на граѓаните. „Секој ден се повеќе луѓе се јавуваат кои сакаат да донираат и да им помогнат на семејствата кои се во тешка состојба и социјален ризик.

„Јас сум задоволен од текот и од почетокот на акцијата очекувам во наредниот период да се динамизира. На socijalna pomosниво на Македонија за две недели 250 граѓани во Охрид има 10 донатори. Оваа акција ја реализираме во соработка со  Општина Охрид. Со нивна подршка обезбедуваме и превоз за работите, опремата и покуќнината и мебелот кој се донира со цел да биде превземен од донаторите и да биде пренесен кај лицата на кои им е потребна помош и донација“, истакна Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека локалната има одлична комуникација со министертвото и дека и во иднина ќе се вклучуваат во сите хуманитарни акции со цел да им помогнат на охриѓани. Спасески се сложува дека проектот уште на почетоците си ги оправдува целите за кои е изработен. Тој е категоричен дека Општина Охрид и понатаму активно ќе се вклучува во овој проект и преку промоција и преку комплетно и техничко обезбедување на сите потребни средства со кои ќе треба да продолжи овој проект да функционира.

socijalna pomos„За жал од претходната локална самоуправа и претходниот градоначаник им се ветени определени средства со кои општината ќе им помогне, но до ден денеска таа работа не е завршена. Од првиот момент на нашето превземање на локалната власт градоначалникот Бакрачески формираше посебна работа куќа која што ги испитува сите случаи со опожарени куќи во Охрид. Извештајот на работаната група е при крај и на една од наредните седници на совет ќе донесеме одлука во однос на висината со која ние како општина ќе им помогнеме на семејствата чии домови настрадаа во пожари, то ни е наследена обврска која со задоволство во интерес на нашите граѓани ќе ја завршиме“, истакна Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.

Спасов и Спасески уште еднаш ги поканаа Охриѓани кои имаат вишок покуќнина истата да не ја фрлаат туку да се јават на бесплатниот број 0800 55 800 и да ја донираат, затоа што истата на некои семејства им е повеќе од неопходна.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top