Акцијата за пошумување наиде на голем одзив

Граѓаните, политичарите, војниците  и невладините организации садеа дрвја.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Акцијата за пошумување, „ Денот на дрвото засадија својата иднина“ наиде на масовен одзив кај граѓаните. Преставници од армијата , невладините организации и политичарите засадија чемпреси,борови, елки и диглазии.

Помеѓу оние кои се одзваа на акцијата за пошумување беше и  министерот за финасии Трајко Славески.Тој со своите соработници во Подмоље засади дрво.

Еколозите исто така беа присутни на теренот и го истакнаа значењето на зеленилото во одржувањето на водните ресурси. Посакаа оваа акција да прерасне во светски дена на пошумувањето.

akcijaАкцијата како  успешна ја отцени и координаторот од ЈП Македонски шуми, Зоран Секулоски. Тој истакна дека во Подмоље од предвидените 30.000 садници кои треба да се засадат на 15 хектари,  до 11 часот се
засадиле  1/3 од превидениот простор. Секулоски потврди дека акцијата на Буково се одлага снегот кој сеуште го има таму.

Треминот за пошумување на тој терен ќе биде дополнително соопштен кога за тоа ќе дозволат временските прилики истакна Секулоски. Инаку на Буково е предвидено пошумување на 170 хектари со 340.000 садници.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top