Акција “За посреќно детство“ по четврти пат

Спортско хуманитарната и спортска акција “За посреќно детство“, во сабота ќе се одржи по четврти пат. Оваа акција во организација на Црвениот крст има широко општетствено значење и е за оние кои сакаат да го негуваат спортскиот и хуман дух кој го наметнува Црвениот крст.

 |  Татјана Маленкова  | 
Sasho tockov
Сашо Точков

Спортско хуманитарната и спортска акција “За посреќно детство“, во сабота ќе се одржи по четврти пат. Оваа акција во организација на Црвениот крст има широко општетствено значење и е за оние кои сакаат да го негуваат спортскиот и хуман дух кој го наметнува Црвениот крст.

Од црвениот крст најавуваат дека акцијата ќе започне во сабота во 11 часот од плоштадот кај Чинарот со главна трка, на која ќе може да учествуваат сите кои купиле талонче.

„ Целта на оваа акција е да се соберат средства со продажба на учеснички броеви кои чинат 30 денари и кои броеви всушност се и влез во таа трка . Ќе има соодветни служби и од Комуналец и од полицијата кои ќе ја водат таа главна трка, а останатите и активности и натпреварувања во повеќе дисциплини меѓу кои шах, пикадо, трки со автомобилчиња , кошарка мал фудбал ќе се одвиваат на потехот од центарот за Култура па се до хотелот Ројал“, истакнува претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точко.

akcijaВолонтерите на црвениот крст веќе ги продаваат учеснички талони со броеви. Собраните средства ќе бидат искористени за децата од социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца.

„ Помошта ќе ја врачиме во текот на летниот период а битно е да се каже дека секој учеснички број ќе учествува во извлекувањето на наградната игра во која има вредни награди а извлекувањето ќе биде на ТВ М телевизија. Секој кој ќе купи учеснички број треб ада го чува делот затоа што ќе има награди зимување на Златибор, компјутерска опрема, курсеви за комјутери, англиски во охридките школи“, додава Точко.

Акцијата „За посреќно детство“ беше повеќе од успешна и минатата година. Со средства кои беа собрани лани беа купени детски кеветчиња за детското одделение при општата болница во Охрид и истите веќе се ставени во служба.

Од црвениот крст ги повикуваат сите хумани лица да се приклучат во акцијата и со купување на талонче да донираат средства за оние на кои истите им се најпотребни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top