Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст-Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови.

-„Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно од чиста забава , во неколку минути, го става на испит она што со векови сме го создавале, нешто што е препознатлив симбол во секоја фотографија која го прoмовира Охрид ширум светот“, велат од јавното претпријатие и Планинската спасителна служба.
Апелираат дека:
–„Останува светот на младите, но останува и желбата младите да го сфатат значењето во нашите напори за зачувување на нашата околина и нашето културно наследство“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град