Акција на Чист Охрид на месност „Паднати борци“

Десеттина вреќи со секаков вид отпад беа собрани од страна на активистите на Чист Охрид во месноста кај „Паднатите борци“.

 |   | 


Десеттина вреќи со секаков вид отпад беа собрани од страна на активистите на Чист Охрид во месноста кај „Паднатите борци“.

„Според она што го воочивме на терен, односно, собраниот отпад, претставува собиралиште претежно за млади луѓе, но и за рекреативци. Истовремено, мораме да потенцираме дека целиот овој простор има недостиг од канти за одлагање отпад, кои тука се повеќе од потребни“ – велат од Чист Охрид.

Се  надеваат дека во најбрзо време ќе се регулира тој проблем, но и дека посетителите одговорно ќе се однесуваат кон својата околина.

На оваа 39. акција на неформалнта еколошка организација се приклучиле неколку нови лица. Еко активистите  ги повикуваат  сите граѓани да им се приклучат, со една цел, а тоа е чист Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top