Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот

Целта на акцијата е да ја подигне свеста на возачите и да ги едуцира сите учесници во сообраќајот посебно најмладите, децата.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот. Целта на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е да ја подигне свеста на возачите и да едуцира во полето на сообраќајната култура и безбедноста во сообраќајот. Посебно тоа се однесува на најмладите, децата. Оваа акција започна од Охрид каде првачињата од сите основни училишта во градов практично можеа да видат што е тоа зебра, сообраќајна сигнализација, а имаа и непосреден контакт со сообраќајните полицајци.

Носител на акцијата е Републичкиот завод за безбедност кој секоја година организира обуки за најмладите учесници во сообраќајот за нивна безбедност по улиците што е особено важно на самиот почеток на учебната година  кога движењето на децата е зголемено, вели Тони Петрески, претставник од Републички завод за безбедност.

Инаку според податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи само во текот на првото полугодие од 2008 год. предизвикани се 1696  сообраќајни незгоди во кои животот го загубило едно лице со тешки повреди се здобиле 38 лица а со полесни 233 лица. Повеќе од 25% од настраданите се деца.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top