Патики Најк, Адидас, Пума и други познати марки, денес завршија во полициско комбе. Тие беа запленети во акцијата на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во Охрид и Струга.Вкупната глоба која треба да ја платат прекршителите на законот изнесува 35000 евра.
Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија денес контролираше повеќе правни субјекти во Охрид и Струга. Се проверувале евентуални повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Кабелскиот оператор „Пела“ од Струга заработи глоба и му беја одземени два ресивери, а во Охрид контролиран е градскиот пазар, неколку фото студија и едно интернет кафе. На пазарот затекната е фалсификувана роба.
Има пиратерија и присутна е повреда на пазарот од страна на четири субјекти одземени се повеќе производи од познатите брендови како што се Најк, Адидас, Пума. Од страна на инспекторите поднесени им се соодветни пријави, рече претседателот на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост, Мите Костов.
Вкупната глоба која треба да ја платат прекршителите на законот изнесува 35000 евра. Костов вели дека нивните напорите на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост продолжуваат во иста насока бидејќи не ретко продажбата на фалсификувана роба некого може да го чини и живот. Можат да се затекнат и фалсификувани лекови или храна.
И понатаму продолжуваме да го сузбиваме криминалот, пиратеријата и фалсификуваната роба затоа што треба да профункционира правната држава и законот во РМ како што е тоа случај во останатите земји во светот, вели Костов.
Оваа акција е согласно акциониот план на координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија, а во соработка со службите на МВР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град