Академик Блаже Ристовски одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“

Академик, д-р Блаже Ристовски со указ на  претседател на руската федерација  Дмитар Медведев е одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“.

 |  Валентина Нелоска  | 
medal Pushkin
медал Пушкин

akademik RistovskiАкадемик, д-р Блаже Ристовски со указ на  претседател на руската федерација  Дмитар Медведев е одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“. Наградата му ја врачи рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шербеченко пред голем број посетители на 44-то издание на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Ова високо државно одликување се доделува на руски и на странски државјани кои дале особен придонес во уметноста, науката, литературата, образованието и културното наследство. Меѓу истакнатите личности кои ја добиле оваа награда  е македонскиот академик, доктор по филолошки науки Блаже Ристовски. Академик Ристовски даде личен придонес за развој на македонско-руското пријателство и главен организатор на поректот „Русија и Македонија и взаемните врски во областа на културата и историјата“, како и редактор на бројни научни зборници, истакна рускиот амбасадор Олег Шербеченко.

seminarДенес се чувствувам среќен што го добивам ова големо признание од пријателската руска федерација, истакна академик Ристовски. Благодарение на руските архиви ние ја осознавме вистинскат борба за македонската култура, историја и државност, рече Академик Ристовски присетувајќи се времето поминато во Русија и на неговите бројни истражувања.

Државната награда „Пушкин“, посветена е на најголемиот руски поет, а  востановена е во 1999 година. За овие 10 години  високото признание им било врачено на 652 личности, меѓу нив денес се вброи и  Академик Ристовски. Досега наградата Пушкин ја  примиле 5 –мина Македонци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top