Академија Пандев есенски шампион на Македонија во млади категории

Генерацијата 99та-2000та првиот дел од шампионатот го заврши без пораз. Успехот го прославија со мал коктел, а во мај се надеваат дека ќе ја освојат и титулата. Целта им е влез во првата лига за млади категории.

 |  Мишел Наумоски  | 
akademija pandev
академија пандев

Генерацијата 99та-2000та на Академија Пандев, есенски шампион во втората македонска лига во фудбал за млади категории. Тие првиот дел од шампионатот го завршија како убедливи шампиони без ниту еден пораз. Задоволни се од досега постигнатото, но велат спортски е секогаш да се тежнее кон нови успеси.

„Очекувањата се нормално онаа идеја првично која беше, да влеземе во Суперлигата. Ние се натпреваруваме во втора лига, сакаме да влеземе во првата, Супер лига која е елитна во македонскиот фудбал за млади категории.“-вели тренерот Агрон Мерко од „Академија Пандев“

mladinska fudbalska ligaТренерот Мерко потенцира дека покрај талентот на децата, голема заслуга за нивниот успех има и координаторот на ФК Еуромилк од Скопје, Дарко Костовски. Еве зошто.

„После добро направена анализа на сите генерации кои што настапуваат во нивните региони, одлучивме дека екипата на „Академија Пандев“ е моментално во генерацијата 99та-2000та една од најдобрите екипи во Македонија. Од кога седнавме и направивме добри разговори пред се со координаторот на „Академија Пандев“ од Струмица, Југо, кој е координатор на сите академии под закрила на „Пандев“, се договоривме со Гони дека оваа година ќе функционираме заеднички, дека тие ќе ги играат сите натпревари во Скопје, дека ќе не претставуваат нас, и со нивна и наша помош ќе влеземе што побрзо во Суперлигата.“-рече Дарко Костовски-Координатор на ФК Еуромилк-Скопје.

Костовски вели дека со оглед на тоа дека децата треба редовно да патуваат од Охрид до Скопје, тие се погрижиле околу регулирање на финансискиот дел и покривањето на трошоците. Според него талентот кај децата е евидентен, но многу е важно него да го детектираат и стручните лица во македонскиот фудбал, федерацијата и менаџерите. Младите фудбалери од „Академија Пандев“, заедно со своите тренери по повод титулата есенски шампиони во младински категории во втората македонска фудбалска лига, имаа еден мал свечен коктел. Задоволни од постигнатото рекоа дека истото ќе го повторат и во месец мај кога изразија надеж дека ќе бидат и шампиони и ќе изборат влез во првата фудбалска лига за младинци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top