Успешна година за стружанецот Агрон Џила

2012 год успешна за боксерот од Струга со светска слава Агрон Џила.

 |  Маленкова Татјана  | 
Agron Dzila
Агрон Џила

Прескромниот Џила откриава дел од успесите кои ги постигна и по кои ќе ја памети минатата година.  Како поуспешни издвои три меча, против Петеро Монди, меч во кој се боксуваше како боксер со светска титула според верзијата TBC, потоа мечот кој се играше во родна Македонија во Скопје и третиот меч кој се играше во Австрија  против Андреас Кап.

„Титулите со кои се сретнав се GBU IBF, кои ги стекнав во градот каде што живеам, потоа следеше титулата Agron DzilaWBO, светски првак за млади  боксери за јуниори до 24 години титула се случи во Берлин и последнава титула WBC една од најтрофејните, напознатите боксерски федерации во Гермнија во 2012 год“, вели боксерот Агрон Џила.

Џила во моментов во Швајцарија служи воениот рок. Тој признава дека ни во Швајцарија неможе да се живее само од спорт, но додава дека откако ќе го заврши воениот рок ќе размислува што ќе работи во иднина. На спортски план пак, сега засега дефиниран е датумот за неговиот следен натпревар, но не и противкандидатот.

„Следниот меч е планиран за 22 април во Германија, ако противниот уште не го знам, а моја желба е тоа да биде Ваницки од чехоловачка од кого несреќно загубив, односно ми ја одзедоа победата, а за понатака ќе видиме“, додава Џила.

Стружанецот кој боксува под друго знаме, но со гордост кажува дека е од Македонија открива дека во Agron DzilaМакеднија има многу деца таленти, како за екипен, така и за поединечен спорт. Проблем се само финансиите, признава Џила.

„Македнија има таленти но не се стимулирани. Таленти има кои може да постигнат добри резултати. Мене спортот ме донесе кај што сум сега, да не се занимавав со спорт не би бил ова што сум и затоа се гордеам дека се занимавам со спорт им препорачувам на младите да се занимаваат со спорт и да ги избегнат девијантните појави како дрога, алхохол и друго“, додава стужанецот Џила.

Џила не пропушти преку ТВ М на  боксерскиот клуб од Охрид да им ја честита вицешампионската титула на Македонија за 2012 год.
Инаку 24 годишниот Агрон Џила од 18 мечеви кои ги одигра во 2012 год. На 17 победи, а од нив 13 ги доби со Нокаут. Тој е ностител на светската титула за млади боксери до 24 години GBU, IBF, WBO, EBC. Џила е единствениот млад боксер кој ги има освоено сите овие титули заедно.
Тој признава дека целиот негов успех се должи на огромната подршка од семејството, тренерот но и  менаџерот Оливер Дојчлер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top