Агонијата на жителите во стариот дел на Охрид, продолжува. ТВМ синоќа сведок на уште една бесона ноќ.
Агонијата на жителите во стариот дел на Охрид, продолжува. ТВМ синоќа сведок на уште една бесона ноќ. Во контрола извршена од инспекторите од пазарниот инспекторат и СВР констирани низа непрваилности во работењето.
Ноќните забави и прегласната музика се причини што жителите во стариот дел на Охрид остануваат без сон. Понесени од низа поплаки на граѓани кои секојдневно пристигнуваат во нашата ТВ куќа, а се поврзани со бучавоста во зоната за домување, синоќа отидовме на лице место, со цел да видиме како изгледа Охрид во ноќните часови.
Од нашата прошетка по улиците во близина на градскиот плоштад, единствено нешто што можеше да се чуе од жителите беа поплаките за прегласната музика. Велко Грозданов, жител на ул. Петар Чауле, која е во непосредна близина на плоштадот, ни ги покажа записниците од инспекторите за животна средина, направени при интервенција на негова поплака за гласна музика.
Од записниците, во кои инспекторите констатирале зголемена бучавост во домот на нашиот сограѓанин, евидентно е дека првото мерење е направено на 21 јуни. Од тогаш, само од овој инспекторат направени се уште две мерења во неговиот дом, а дури вчера била испишана првата пријава за објектот кој ја предизвикал бучавата, по однос на констатираниот прекршок.
Се прашуваме, зошто на инспекторатот му бил потребен временски период подолг од еден месец, за да ги примени законските санкции за непослучните кафанџии? Кога и дали ќе се напишат и достават пријави и по однос на останатите записници, останува да видиме.
Покрај Инспекторатот за животна средина и Пазарниот инспекторат констатирал низа неправилности во работата на кафулињата во градов. На неправилностите, за разлика од нивните колеги од Општинскиот инспекторат, тие реагираат експресно и санкционират без ислкучоци. Еве што ни изјави Ѓорѓи Бошалески, раководител на инспекторатот, за синоќешната акција:
„Во еден од објектите констатирано е дека не ги исполнува минимално-техничките услови за работа на дејноста што ја имаат пропишано, така да кај нив ќе следува казна – затворање управна мерка 30 дена. Покрај затварањето, според Законот за угостителска дејност ќе бидат казнети и со 800 евра, поради незаверените нормативи кај градоначалникот, како и казна од 2.500 евра за неисполнетите минимално-технички услови“.
Покрај овој тип на констатирани неправилности, во голем дел од контролираните објекти точено е алкохол на малолетници, задржување на малолетници по 24:00 часот, нарушување на јавниот ред и мир, па дури е констатиран и локал кој е со пријавен дејност кафе бар, а профитирал како летна тераса со жива музика и тоа во зона на домување.
Инаку, во врска со обвинувањата на Општинскиот инспекторат дека тие си ја вршат работата, а застојот настанува во Основниот суд во Охрид, ТВМ контактираше и со Петседателот на судот, Владо Дејаноски, кој вели дека од јануари до сега во судот во Охрид пристигнати се 700 прекршочни пријави, од кои за решавање се останати уште 17. Најголем дел од прекршоците се решени со изрекување казна глоба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град