Државата ги наградува највредните. По повод светскиот ден на туризмот денеска точно напладне во клубот на пратеници министерството за економија на најдобрите инкаминг туристички агенции, хотели и ресторани во земјава за 2010 год. им додели признанија за својот труд.
Една од агенциите кои ја освоија довербата на министрвото за економија е Патничката агенција „Letstravelbelkans“.Главната филијала на оваа агенција е во Турција, но покрај таму свои претставништва има и во Дубровник, Египет и Македонија, поточно Охрид.
Оперативецот Филип Стефаноски презадоволен што токму тие се добитници на ова највисоко државно признание.
„ Исклучително сме задоволни од наградата. Ова е одлична промоција на Македонија и мотив за уште подобра работа за во иднина“, вели Филип Стефаноски од „Letstravelbelkans“.
„Letstravelbelkans“ е една од ретките агенции кои што за само една година успеале во Македонија да донесат над 2500 гости. Стефаноски вели дека во план е до крајот на годината да донесат уште најмалку 1000. Од агенцијата потврдуваат дека моментално работат на Турскиот пазар и дека убавините на Македонија се продаваат исклучиво во пакет, со останатите Балкански држави . Од таму додаваат дека тие се една од ретките агенции кои работат со рецептивен туризам.
„Во Македонија има многу малку агенции кои се занимаваат со инкаминг туризам. Ние сме меѓу нив“, вели Стефаноски.
“Турските гости со задоволство доаѓаат во Македонија. Тие се презадоволни од она што го нудиме. Недостатоците од нашата туристичка понуда ги знаеме и се разбира се трудиме истите да ги отстраниме, но за жал многу малку можеме да влијаеме врз отстанувањето на овие недостатоци“, додава Стефаноски.
„ Голем недостаток е што вработените во хотелите и рестораните незнаат странски јазици, а 30 – 40% од гостите кои доаѓаат знаат искучиво турски јазик. Гостите ни се жалат е дека касни услугата“, додава Стефаноски.
Голем поттик за агенцијата „Letstravelbelkans“ е што државата конечно започна да доделува субвенции за секоја донесена група туристи. На оваа агенција за само една година за пет донесени групи веќе и се одобрени субвенции, а на разледување е документацијата за уште 15 групи.
Инаку денешните признанија министервото за економија ги додели по предлог на ХОТАМ И АТАМ и врз на основа на предлози на комисии за туризам од министерството за економија.
Денеска признание покрај агенцијата „Letstravelbelkans“ меѓу останатите добитник е и хотелот Метропол од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град