Администрацијата од Здравствен дом, втор пат на улица

Директорот од здравстевен дом, денес доби налог за иселување од општинските простории.

 |  Татјана Маленкова  | 
rekviziti
реквизити

Директорот од здравстевен дом, денес доби налог за иселување од општинските простории. Овој е втор обид на Локланата во неколку години, да си ги добие назад своите простории.

Zdravstven domУтрово во Здравствен дом добија налог за иселување од општинските простории. „Мене ми е жал што на ваков начин се решава овој проблем, но здравстен дом години е сместен во општински простории, а за тоа не плаќа ништо“, вели градоначалникот Петрески.

Zdravstven domОд локалната тврдат, дека долго време се труделе на секаков начин да се изнајдат компромисно решение за  просториите, но сите средби поминале без конкретни решенија.

„Тие простории веќе 3 – 4 години, ги држат без надохнада, а нас ни недостасуваат простории“, изјави охридскиот градоначалник. Тој додаде дека: „Јас им нудев решение, да големата сала во приземјето каде има преку 200 квадрати и каде има само тројца вработени, таа просторија да ни ја дадат ние да се сместиме таму а тие 200 квадрати да се користат на друго место. И министерството за одбрана да се преселат во празните, а нас да ни ги ослободат празните.“

„Ние немаме каде да се сместиме, а простории во моментов ни се повеќе од неопходни“, вели градоначалникот.

„Поради канцелариски  недостаток, општински органи се сместени на различни места, па граѓаните за да завршат работа, шетаат“, вели градоначалникот.

За принудното иселување, од Здравствен дом, денеска не коментираа ништо. Најавија дека се што имаат ќе кажат утре на пресс конференција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top