АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со подмладок јагула

За набавка на подмладокот на јагулата распишан е тендер согласно законските прописи, во вредност од 7 милиони денари. Со порибувањето ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот екосистем на езерото, велат од компанијата.

 |   | 

АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со 29.421 парчиња подмладок на јагула од сортата „Европска јагула“, со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот екосистем на езерото.

За набавка на подмладокот на јагулата распишан е тендер согласно законските прописи, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото, соопштија од АД ЕСМ.

Порибувањето на езерото беше одложено поради тоа што фирмата „Ново рибарство“ на самото место ја немаше комплетната документација за да ги пушти младите единки на јагула во езерото.

Со изградба на хидроцентрали на реката Црн Дрим од македонска и од албанска страна пред повеќе децении беше прекинат природниот пат на охридската јагула која се мрестеше во Саргаското море.

Акцијата е дел од општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје, согласно со водостопанската дозвола добиена уште во 60-тите години на минатиот век, наведуваат во соопштението и дополнуваат дека оттогаш спроевдуваат акции за порибување за одржување и збогатување на живиот свет во езерото.

Во акцијата симболично се вклучи и генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, со порака дека вложувањето во одржувањето на живиот свет на езерото е дел од нашата општествена одговорност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top