ABR може да го промени животот

Информативна сесија во врска со АБР методот во Охрид.  Подобар живот за сите пациенти без разлика на возраста и состојбата.

 |  Крсте Голабовски  | 
abr metod
abr метод

abr metodПодобар живот за сите пациенти без разлика на возраста и состојбата. Криста Биненс од Белгија е мајка на 12-годишно дете, Питер, која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката. Денес таа е во Охрид и е дел од тимот кој ќе ги запознае родителите од Македонија со оваа револуционерна рехабилитациона техника.
За прв пат на полето на рехабилитацијата и во македонија АБР терапија, со која сите деца добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници. АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен пристап кон проблемите кои ги имаат децата со посебни потреби. Тоа е всушност терапија развиена од рускиот пронаоѓач Леонид Блум.
Крис Тоелен, еден од учениците на Блум потенцира дека АБР нуди техники за трајно структурално опоравување на мускуло-скелеторниот систем . Додека со сите други терапии, целта е да се извлече максимумот од детето со таа структура на телото што ја има, да се добие некаква функција преку соодветни вежби за раце и нозе,  АБР го прави обратното. АБР прво ја зајакнува и опоравува  структурата, го нормализира мускуло-скелеторниот систем, вели Тоелен. Преку нормализирање на мускуло-скелеторниот систем , функционалните промени (контрола на глава,контрола на трупот,седење, лазење, одење итн. ) се добиваат   спонтано, како и кај секоја здрава личност. Пациентот е пасивен посматрач, во вој случај се наоѓа во легната положба. Основата  на методот е во формирање на одредени конструкции, и со помош на пасивни движења се зајакнува телото на пациентот.
Охриѓанката која слободно може да се каже ја направи попристапна АБР техниката за сите во Македонија, и Македонија ја стави на картата како земја со АБР центар, Весна Гашоска –Габелеска вели дека АБР  техниката е добра  за родители кои не се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивното дете, за оние родители кои сакаат да го ослободат сопственото  детето од оклопот во кој тоа е заробено. Габелеска уверува дека станува збор за техника која ќе го подобри животот на детето и родителите. За АБР техника родителите на деца со ограничувања во психо-моторниот развој добиваат соодветна обука, а резултати се добиваат  со секојдневна работа по неколку часа на ден. И самата пријатно изненадена од големиот интерес на родителите од Македонија, а и од земјиве во регионов.
АБР техниката нуди решение за поширок спектар и може да се применува за лица со мозочна повреда или некаква девијација на мозокот, состојби како што се, церебрална парализа, проблеми со говор, аутизам, хиперактивност, микроцефалии, спазми, даунов синдром, епилепсија, повреди на глава, мозочен удар,сколиози ,рет синдром, предвремено родени бебиња ,оштетувања предизвикани од вакцина и др. Инаку Гашоска –Габелеска потенцира дека овој метод е поприфатлив за пациентите. Со ABR доаѓа до опоравување на моторните функции спонтано,преку обновување на мускулоскелеторниот систем и повраќање на био-електричните сигнали кои протекуваат помеѓу мускулите и мозокот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top