Генерално чистење, дезинфицирање и уредување на дворните површини на 5те објекти на охридската градинка Јасна Ристеска. Додека подготовките за прием на децата назад во установата се во тек, вработените во охридската градинка во очекување на официјална информација кога ќе им биде извршен најавениот скрининг од Ковид 19, кој денеска започна во државава.
Во објектите на охридската градинка „Јасна Ристеска“ веќе втора недела интензивно се работи на подготовки за отворање и враќање на дечињата во установата. Деновиве се врши генерално чистење и темелна дезинфекција на сите пет објекти на градинката, информира директорката Мери Рилкова.
„ Почнувајќи од минатата недела во сите објекти спроведуваме темелно генерално чистење Се врши темелно чистење на занимални, помошни простории, на кујна, на играчките, дидактичкиот материјал во занималните. “- Рилкова, директор на ЈОУДГ Јасна Ристеска, Охрид.
До крајот на неделава ќе завршат активностите за дезинфекција и чистење, а подготвени сме и во поглед на заштитни средства за вработените , вели Рилкова. За упис на нови дечиња директорката вели дека родителите може да испраќаат барања по електронски пат а во однос на приемот и бројот на децата во групите ќе постапуваат според протоколите кои ги очекуваат.
„ Групите и досега беа нешто над нормативите по бројот на деца но работевме во нормални услови а сега со вонредната ситуација и дополнителните протоколи чекаме насоки од министерството за здравство и министерството за труд и социјална политика и ќе ги адаптираме групите согласно она што ќе го добиеме како насоки и протоколи. “– вели Рилкова.
Денеска први на скринингот на граѓани за COVID-19 ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица во државава. Од охридската градинка сé уште немаат официјално известување кога ќе биде спроведен скринингот на нивните вработени, околу 140 воспитувачи, негователи и помошен персонал во петте објекти. Здарвствените власти очекуваат скринингот да биде завршен за период од една недела и градинките да се вратат во функција според предлог планот за олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град