• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Македонија и Албанија заеднички ќе менаџираaт со риболовот на Охридското и Преспанското езеро

Македонија и Албанија заеднички ќе менаџираaт со риболовот на Охридското и Преспанското езеро

Во Струга министрите за земјоделие на Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското езеро.  Двете земји заеднички ќе ги порибуваат езерата за зголемување на рибниот фонд и возобновување на ендемичните видови риби.

 |   | 

Македонија и Албанија потпишаа Меморандум за заедничко управување со рибниот фонд на Охридското и Преспанското езеро. На средбата во Струга министрите за земјоделство на двете земји кажаа дека заеднички ќе работат на зајакнување на заштитата на рибниот фонд и борба со рибокрадството.

„Во духот на најавите на премиерите на Северна Македонија и на Албанија во склоп на работење за формирање т.н. Балкански мини Шенген очекуваме дека ова ќе биде еден предчекор за интеграција на нашите две држави во ЕУ. Само со заедничко управување и здружување може да се зајакнат и односите меѓу двете држави и работата која не очекува во иднина. – истакна министерот Арјанит Хоџа.

Министерот за земјоделство и рурален развој на Р Албанија  Бледар Чучи изрази  задаволство од  соработката со македонскиот колега. Министерствата со потпишаната спогодба се обврзуваат да водат поголема грижа за заштита на рибниот фонд во двете езера кои ги делат.

„ Целта на овој договор е да се уреди аспектот на риболов односно да се создаде структура која ќе придонесе за дисциплинираност во  начинот на кој ќе се врши риболов на двете езера. Фауната нема ниту пасош ниту познава граница. И од денеска се надевам дека фауната ќе ја третираме како една целина и како таква ќе ја заштитуваме. “ – изјави министерот Бледар Чучи

Посочи дека Албанија изврши порибување на Охридското Езеро  со околу 1 600 000 единки на пастрмка и побара да се има заедничка визија за зголемување на рибниот фонд во езерото. Во Поградец изграден е рибник за размножување на оваа загрозена ендемична риба.
Инаку спогодбата за одржливо управување со риболовот е втор билатерален договор потпишан од министрите. Предходно во Тирана  беше потпишан меморандум за фитосанитарна соработка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top