Новата услуга на ЈП НИСКОГРАДБА на корисниците им овозможува онлајн плаќање на сметките за одведување на отпадни води, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
Новата услуга на ЈП НИСКОГРАДБА на корисниците им овозможува онлајн плаќање на сметките за одведување на отпадни води, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
Со оваа услуга брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе водомери, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица.
За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.eniskogradbaohrid.mk потребно е да се внесе корисничкиот број. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот. Со новата услуга корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на сметките.
Онлајн плаќањето е одлична можност за оние корисници кои патуваат често или живеат надвор од Охрид. Со оваа услуга корисниците ќе заштедат време, пари и енергија, а во исто време ќе имаат целосен увид на сите трошоци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град