На 90 охриѓани отпишани им се долговите

90 охриѓани кој што се наоѓаат во социјален ризик од Охрид добиле позитивно решение за еднократен отпис на нивните долгови. Најголем бројот на поднесени барања биле за неплатена електрична енергија. Инаку граѓани од социјално ранливите категории реагираат дека доцни исплатата на социјална помош, средства кои им значат да ги добиваат навреме. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов вели дека социјалната помош редовно се исплатува и најави зголемување на износот кој се однесува на субвенции за електрична енергија.

 |  Николоска Биљана  | 
pari
пари

socijalaДоцни исплатата на социјална парична помош, реагираат примателите на овој вид надомест. Последната исплата била за месец октомври. Тие велат дека години нанзад парите од овој вид надомест на сметка им легнувале од 1 до 10 во месецот. Од тогаш па до денес не е исплатена социјална помош за 11, 12 месец минатата година, а веќе изминува и јануари 2015 година. Тие средства многу ни значи да ги добиваме без задоцнување затоа што ни престставуваат единствен извор на средства со кои ги подмируваме пред се потребите за храна, реагираат граѓани од оваа ранлива категорија.  Министерот за труд и социјалана политика Диме Спасов убедува дека социјалната помош редовно се распределува и нема доцнење.

„Воопшто нема задоцнување односно не е прескокнат месец во исплатата, последната исплата за примателите на социјална парична помош се случи на средината на декември минатата година очекуваме во текот на следната година да се изврши исплата на социјалната парична помош за изминатиот период“ – вели Спасов.
 
Граѓаните од ранливите категории реагираат и на доцнењето на исплатата на субвенциите за потрошена електрична енергија. Спасов тврди дека и тој надомест редовно се исплатува согласно програмата и проектот на Владата и најави дека во јули месец оваа година истиот од 700 ќе се зголеми на 800 денари.

spasov„Возможно е одредени граѓани ако не оствариле одредено право, односно ако не добиле парична помош најчесто се случува поради одредена не информираност, односно ние вршиме исплата во изминатиот период и наша тенденција целосно паричните помоши кои ги исплаќаме да ги исплатиме електронски на трансакциска сметка на самите граѓани. Возможно е одреден примател на социјална помош да не се навремено поврзани на трансакциска сметка односно неговиот социјален број потребно е да го достави до банката каде што има сметка и да се поврзе трансакцискиот број со социјалнот број“ – појаснува Спасов.

Министерот за труд и социјална политика при денешната посета на Охрид информираше и за досегашниот тек од реализацијата на преоектот за еднократен отпис на долговите на граѓаните кој што се наоѓаат во социјален ризик во рамките на општина Охрид. Спасов нагласи дека од досега обработените предмети, донесле повеќе од 90 позитивни одлуки кои биле доставени до граѓните на Охрид и  очекувале зголемување на тој број. Инаку најмногу барања за еднократен отпис на долгови биле во делот на заостанат долг за неплатени сметки на електрична енергија кон ЕВН Македонија.

{looadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top