9 возачи во Охрид управувале моторно возило под дејство на алкохол

На 15-ти и 16-ти јануари 2022 година од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.

 |   | 

На 15/16.01.2022 година од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнаа 14 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-04, Кичево-01).

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и изречени им се соодветни платни налози. Акциските контроли во сообаќајот продолжуваат и понатаму со цел, подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и почитување на правилата и прописите – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top