НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја информира јавноста дека нивната ризница е збогатена со уште девет наслови за деца.
И оваа среда неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е отстапен за литературата за деца и млади. На одделот за зајмување читателите ги чекаат уште девет наслови.
„Свадбата на Ежо и Ежа“ од Александар Кујунџиски, Збирката од група автори „За Денот на детето“ издание на Вера Б Самарјанин, „За сите деца“ од Вера Лилиќ и „Тино од мојот влез“ од Жарко Кујунџиски.
Посебен интерес кај читателите се очекува да предизвикаат петте книги од авторката Пола Харисон во кои главен лик е девојчето Кити и се прикажани нејзините згоди и незгоди со златниот тигар, бркотницата, големата парада, спасувањето и авантурата во небесната градина – велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Инаку, годишната членарина во библиотеката за деца е 200, а за возрасни 300 денари. Пултот за издавање од понеделник до петок е отворен од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град