800.000 дози од вакцината Фајзер за Mакедонија, 5.850 стигаат во февруари

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот Фајзер во текот на годината.

 |   | 

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот Фајзер во текот на годината.

Договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот за здравство, Венко Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, а потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона“, велат од Министерството за здравство.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top