80 проценти од граѓаните тропаат на погрешна врата-велат од Катастар

Караванот на Агенцијата за катастар насловен „Отворено со катастарот“ започна токму во нашиот град, а во следните денови ќе бидат посетени и останатите катастарски одделенија.

 |  Мишел Наумоски  | 
катастар
катастар

Караванот „Отворено со катастарот“ ја заврши својата турнеја во Охрид. Околу 300 граѓански предмети беа разгледани од Централата од Скопје, а статистиката говори за околу шеесетина нерешени предмети. Голем дел од овие предмети велат од Агенцијата се третираат како нерешени поради тоа што биле поднесени на крајот или на почетокот во месецот. Овој караван во Охрид беше присутен четири дена. Од Агенцијата ветуваат дека се повеќе ќе се намалуваат гужвите пред подрачните одделенија, и сметаат дека овие денови на средби со граѓаните се драгоцени и за самите граѓани, но и за Агенцијата.

Граѓаните чиишто предмети деновиве беа разгледани од Агенцијата за катастар и недвижности задоволни од достапноста на Агенцијата, меѓутоа сметаат дека по нивните предмети и натаму не се постапува на вистинскиот начин.

Дел од граѓаните револтирани велат дека посетата на Агенцијата е залудна, бидејќи за најголемиот дел од предметите, тие биле преупатувани на суд. Граѓаните редовно се жалат и на големи турканици пред одделенијата за катастар, но од Агенцијата сметаат дека во добар дел од случаите граѓаните едноставно тропнале на погрешна врата.

Valentina Hristova„Најчесто граѓаните по онаа проценка и статистика што ја направивме за изминатите три дена, околу 80 проценти немаат проблеми во катастарот. Едноставно доаѓаа да прашуваат за патот кој што треба да го одат свесни се дека катастарот не може да им го реши проблемот но сепак да им се посочи кои потстапки треба да ги направат за да ја завршат работата онака тие како што сакаат. Оние 20 проценти од граѓаните што се јавија имаа реални катастарски проблеми, но колегите веднаш постапуваат по нерешениот предмет бидејќи го имаат тоа овластување да постапат, а во некои случаи каде што треба малку повеќе време се дадени напатствија на одделението како да се реши проблемот на странката.“-рече Валентина Христова-Стефановска-Портпарол на Агенцијата за катастар.

Агенцијата за катастар и недвижности големи надежи полага во бенефитите од електронскиот катастар, но за да видиме како сето тоа ќе профункционира во нашиот град, ќе треба да почекаме уште некој месец. Да се надеваме дека на тој начин навистина ќе се намали времето за чекање и турканиците пред подрачното одделение.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top