Од 7 до 77 години на оро, песна и игра

Два месеци на оваа програма работи новиот ансамбл „Филиграни“.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Се работи за новитет во охридскиот етер, каде има место за сите заинтересирани за негување на македонскиот фолклор и музичари на стари и нови инструменти.

igraorciДека сеуште постои интерес за негување на македонскоиот фолклор, зборува составот на оваа неодамна формирана играорна група. Понесени од ентузијазмот кон традиционалните вредности,  во ОУ „Св. Наум Охридски секој вторник и четврток од 19 часот се учи игра, оро и песна. Кореографот Зоран Тодоровски вели дека нивните амбиции се за брзо време да станат професионален ансамбл број еден во државава.

Тодоровски кажа дека за брзо време првите резултати ќе бидат видливи. Додаде, дека за да се постигне тоа на самиот почеток обезбедени им биле добри професионални услови за работа во училиштето.

Претседателот на „Филиграни“ Љупчо Милкоски, вели дека се наоѓа пред предизвик на едена нова група ентузијати и добри стручњаци кои си ја познаваат својата работа. Тој додаде дека веќе постои развиена група, каде има место, сите заинтересирани да пристапат без разлика на старосната граница.

Најзастапено во ората и песните на „Филиграни “ ќе биде негувањето на македонскиот фолклор од сите краишта на Македонија. Покрај тоа ќе бидат подготвувани игри и од земјите каде ќе настапува ансамблот „Филиграни“. Веќе во месец март овој ансамбл има најава за учество во соседна Бугарија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top