66 години црвен крст во Македонија

Македонската организација на црвениот крст, која е дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, прославува за својата успешна работа.

 |  Татјана Маленкова  | 
crven krst
Црвен Крст

Crven Krst66 години крводарителски акции, 66 години хуманост. Македонската организација на црвениот крст, која е дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, прославува за својата успешна работа. Централната свеченост се одржа во Скопје, каде на најдобрите организатори на крводарителски акции им беа доделени  благодарници.

Една од поуспешните општински организации е и Охридската. Во изминативе 7 – 8 години сме меѓу првите 3 -4 општински организации, не само по бројот на собрани крвни едининици, туку и по процентот на надминување на планот. Минатата година планот беше натфрлен за 56 %, вели секретарот на ОО Антонио Додевски.

„ Нормално е дека сме задоволни но тенденциите се да мотивираме што повеќе крводарители да ја даруваат својата скапоцена течност“, вели секретар на ОО на Црвен Крст,Антонио Додевски.

Минатата година ОО на Црвениот крст спороведе 26 крводарителски акции. Дел од нив беа редовни, но имаше и вонредни, кои беа организирани по потреба и по барање на центарот за трансфузиона медицина, додава Додевски.

Додевски истакна дека бројот на регистрирани крводарители во Охрид е многу голем, поради тоа што во евиденцијата влегуваат сите хумани луѓе кои барем еднаш дарувале крв. Секретарот додава дека потреба за крв има, со оглед на фактот дека потребите за оваа драгоцена течност се големи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top