• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • 658 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава

658 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава

Моменталниот број на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

 |   | 

Од нив, 254 се во Скопје, каде што во изминатите 24 часа се примени 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Најмногу од примените во Скопје се на интерните клиники – 10, потоа во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ – 9, три на Инфективната клиника и во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top