• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • 600 примероци од луксузна фотоброшура ќе ги промовираат убавините на градот пред високите делегации

600 примероци од луксузна фотоброшура ќе ги промовираат убавините на градот пред високите делегации

Оваа брошура во себе содржи убави фотографии од градот и соодветни приказни кои на еден поетски начин ги претставуваат знаменитостите, историјата и легендите за Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
brosura

600 примероци од ексклузивна книга ќе ги потсетуваат високите претставници и делегации на убавините на Охрид. Оваа луксузна фотоброшура за Охрид веќе е испечатена и станува збор за комплетно авторска творба, односно сите фотографии и целокупниот текст се авторски дела на печатарската куќа Идеа плус од Скопје која е условно „виновна“ за оваа промотивна фотоброшура.

ohrid brosura„Целта на оваа фотоброшура или бела книга е да биде делена на високи гости би рекол. На лица пред кои треба да се претставиме на повисок начин. Нема да биде за масовна употреба бидејќи за таа намена имаме доволни количини промотивен материјал кои по потреба се допечатуваат. Ова претставува едно луксузно издание како што можете да видите со одлични фотографии, со добар дизајн, со одличен принт кој за цел има Охрид да го презентира на едно повисоко ниво.“-вели Ѓоко Апостолов од секторот за ТЛЕР.

belata knigaКнигата се подготвувала околу седум до осум месеци со постојани консултации помеѓу локалната и печатарската куќа, но и предлози и конструктивни критики за сработеното.

„Вклучувајќи го и печатењето и на омотот и на самата брошура изнесува нешто помалку од 10.000 евра. Според нашите проценки толкави беа и очекувањата, а и на самиот тендер отприлика толку беше постигната и онаа цена со поддавање, така да сметаме дека ова претставува една реална цена за ваков материјал. Средствата кои се издвоени за оваа намена се исклучиво наменски и се од туристичката такса која се прибира и која треба да се реинвестира наредниот буџет за следната година.“-рече Апостолов.

brosura ohridИнаку идејата за изработката на оваа фотоброшура потекнува од пред скоро две години кога локалната донела одлука за целосно редизајнирање на целокупниот промотивен туристички материјал за Охрид. Имено најпрво на тендер биле избрани идејните решенија за промотивните материјали, по што на друг тендер бил избран и изведувачот односно печатарската куќа која ги составила и испечатила материјалите. Оваа фотоброшура воедно е и прв промотивен материјал од ваков квалитет и карактер и според локалната треба да придонесе за една поубава и покултурна промоција на градот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top