58 милиони денари заоштетените при земјотресите во регионов

Утврдена висината на штетата која ја претрпеа граѓаните во охридскиот регион поради серијата земјотреси кои го затекнаа летово. Владата ќе треба на општинава да и исплати вкупно 58 милиони денари, но претходно треба да поминат сите постапки за обесштетување. Има градби кои претрпеа помали штети, но има и онакви кои не можат да се употребуваат. Охриѓани треба да се стрпат за да си ги добијат парите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

58 милиони денари е вкупната проценета штета од серијата земјотреси што ова лето го погодија Охридскиот регион. Ова е бројка со која официјално излезе Општинската комисија за проценка на штети. До неа поднесени биле 854 барања за проценка на штети, 802 за индивидуални објекти и 52 за деловни објекти. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари. Извештајот на Оштинската комисија се најде и пред советниците во градскиот совет. Откога беше усвоен, истиот, ќе биде испратен до соодветната владина комисија. Во наредните 6 месеци таа треба да се произнесе по него, по што ќе следи исплата на штетите.
Штетите од земјотресот во Охрид се од прва, втора и трета категорија и така ќе оди исплаќањето. Прва категорија се објекти со оштетувања, но во кои може да се живее, втора категорија се објекти кои претпрпеле поголеми штети, а трета категорија се објекти каде нема услови за живеење. Такви објекти има вкупно 11 во Косел, дел во стариот град и на улиците „8-ми Септември“ и „Јане Сандански“. За дел од нив извршена е проценка од страна на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија – ИЗИС, а дел ќе бидат предмет на контрола која ќе се изврши идната недела, изјави Раде Велјаноски, претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Стручњаците велат дека состојбата со земјотресите анализирана од научен апсект укажува на смирување на тлото во Охрид.
Од она што во праксата е покажано и Сеизмолошката опсерваторија и ИЗИС сметаат дека нашиот регион оди кон фаза на целосно смирување на тлото, бидејќи тие 1300 земјотреси се минато, а и оној период на полека стабилизирање на тлото со се помали и развлечени потреси е речиси завршен, – вели Митко Темелкоски од Центарот за управување со кризи.
Системот за управување со кризи беше доследен на задачата при оваа елементарна непогода која го затекна регионов, рече Темелкоски. Тој изрази задоволство и од реакциите на останатите институции, како и од медиумите кои одговорно ја извршиле својата општествена задача.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top